Ѕидот на реката Драгор, која е симбол на Битола се руши.
На еден дел од реката, кај зградата на поранешниот Извршен совет ѕидот на реката Драгор е срушен и преставува потенцијална опасност во целост да се спушти во самата река.
На тој дел од реката покрај тоа што дневно се движат голем број битолчани, сообраќаат и голем број автомобили, па дури камиони, што уште повеќе ја зголемува опасноста ѕидот целосно да падне.
Надлежните служби на локаланата самоуправа се однесуваат како да не го забележуваат рушењето на ѕидот и барем засега ништо не преземаат за негово санирање.