Don't Miss
Home / Вести / Величенствен пречек на епископот Партениј во Бигорскиот манастир

Величенствен пречек на епископот Партениј во Бигорскиот манастир

Специјално за Битолски весник:

Киро Кипроски

        Во чест на доделениот   епископски  чин на отец  Партениј, монасите, монахињите  и верниците  му приредија величенствен пречек . Од двете страни  од влезот на манастирот патеката по која минуваше игуменот Партениј  беше послана со цвекиња, а од двете страни беше направен шпалир на монаси, монахињи и верници кои му искажаа голема љубов со топлина и  секој поединечно му го честитаа  епископскиот чин.

           -Мили мои, во  овој миг сум особено возбуден, не толку поради  одлуката на Светиот Синод да бидам избран за архиереј, колку од вашата љубов.Нема нисто поголемо од безусловната љубов, којашто не бара корист, не бара правда. Љубов, којашто не е лицемерна, која не е човекоугодничка, туку е, едноставно, љубов заради љубов, добрина заради добрина. Токму на темелите на оваа љубов е изградено нашето братство, нашите сестринства, како и нашиот однос со сите духовни чеда и посетители во манастирите. Таа љубов ја сметам како најголемо богатство.

     Монаси мои, монахињи мои, сило моја! Чеда мои духовни! Ве замолувам оваа љубов, со која досега ги градевме нашите заедници, да се умножува меѓу вас, да трае и да се шири. Молете се Господ да нѐ чува од лицемерното цовекоугодништво. Ве замолувам сите да се молите Бог да ни дава искрена љубов, која ја одмара душата на човекот и нѐ гради како богоподобни личности во Христа.

        Цеститките од монасите и монахињите на отец Партениј му ги пренесе најстариот со стаж  монах во Бигорскиот манастир, јеромонахот Доситеј:

        – Дозволете ми од името на братството и сестринството да ја изразам нашата сеопшта радост, од евенгалиските  зборови, од зборовите на благата вест за предлогот да бидете удостоен со возвишениот епископски чин, за кој сметам дека соодејствува на Вашиот духовен раст. Во овој миг, во моето секавање ми доаѓа моментот кога Вие мудро и просветлно благословивте на балдаханот пред манастирската капија, со позлатени букви да бидат врежани зборовите:„Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Впрочем, со овие зборови нашиот Спасител Христос бил пречекан во Ерусалим по воскресението Лазарево, на шест дни пред пасха.

Поопширна репортажа во среда на 27 мај во Битолски весник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*