Don't Miss
Home / Вести / Состојбата сериозна. Над 100 заразени лица

Состојбата сериозна. Над 100 заразени лица

Во 12 и 30 часот ќе има вонреден состанок во Владата по неофицијалните сознанија дека бројката на новозаразени изнесува повеќе од 100 лица од кои 59 се од Скопје.

Најголем проблем претставува што граѓаните одбиваат да одговорат на епидемиолошките анкети.

На состанокот ќе присуствуваат Министерот Венко Филипче, Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев и Вицепремиерот Бујар Османи.

Иако беше најавено за утре, можно е и денеска да се знае дали ќе има заострени мерки за време на викендот и дали ќе бидат затворени неколку општини каде има најмногу заболени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*