Don't Miss
Home / Вести / Донација од Бугарија за Клиничката болница

Донација од Бугарија за Клиничката болница

Република Бугарија денеска на Клиничката болница во Битола ѝ донираше
медицинска опрема од 17 скафандери за повеќекратна употреба.

Донацијата на директорката на болницата д-р Билјана Гагачовска, во присуство на
градоначалничката на Битола Наташа Петровска, ѝ ја предаде бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов, заедно со бугарскиот конзул во Битола, Димитар Иванов.

– На иницијатива на амбасадата и Генералниот конзулат, сите бугарски службеници
во амбасадата и Генералниот конзулат собраа лични средства за купување на оваа
заштитна облека, скафандери, која е наменета за докторите од првата линија кои што се борат со ковид-19 и кои работат со пациенти од оваа тешка заразна болест. 

Облеката може да се користи дури и до 50 пати. Тоа се 17 скафандери за повеќекратна употреба. Облеката е најмодерна заштита, која е направена специјално за ковид-19, при што вирусот не може да влезе во телото, а телото може да дише – изјави амбасадорот Ангел Ангелов.

Заблагодарувајќи се за донацијата, се обрати и директорката на Клиничката болница, Билјана Гагачовска.

– Голема благодарност за овој нов вид на скафандери, кои што многу ќе ни бидат
добродојдени за работа во ковид-заразата, бидејќи сега доаѓа лето и ќе биде многу тешко да се работи во таа опрема, а оваа облека ќе биде од голема корист за тимовите кои што работат во таа ковид-зона, затоа што Битола е регионален центар и прима пациенти од целиот регион – изјави Гагачовска.

За донацијата се заблагодари и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

– Сакам да упатам голема благодарност и до амбасадата на Република Бугарија,
меѓутоа и до генералниот конзулат во нашиот град, за укажаната поддршка и за
донацијата која што ни ја даваат и која е од исклучително значење, особено затоа што
Клиничката болница во Битола, регионално делува и затоа што докторите кои што се на првата линија заслужуваат да бидат најзаштитени. Она што е посебно значајно да го нагласиме во оваа прилика е дека станува збор за скафандери кои што имаат повеќекратна употреба. Ме радува што токму наш сосед ја има развиено технологијата за изработка на вакви скафандери од најсовремен карактер – изјави градоначалничката Петровска. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*