Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва соопшти дека Владата донела забрана за посета на гробишта на целата територија на државата. Забрана ќе важи од утре од 21 часот до понеделник до 5 часот.
-Петок е неработен ден за сите граѓани. Од четврток од 21 часот до понеделник до 5 часот се забранува посета на гробишта на целата територија, освен за погреби, рече Филипче.