Don't Miss
Home / Вести / Заев:Владата нема да бара продолжување на вонредната состојба

Заев:Владата нема да бара продолжување на вонредната состојба

“Опозицијата треба да биде прва што ќе бара избори за да може да има Парламент. Здраво е за државата и заради здравството и заради економијата и заради демократијата да имаме парламент и да имаме политичка влада којашто ќе си преземе одговорноста”. Ова го изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто на ТВ21. Тој додаде дека претседателот Стево Пендаровски нема предлог од техничката Влада за продолжување на вонредната состојба, посочувајќи дека не може тој самиот да предложи и да си прогласи вонредна состојба. Повторувајќи дека петти јули уставно и законски е определен датум на, како што рече,моменталната состојба како стојат работите тој изјави: “Ако не се договорат партиите тогаш останува да се почитуваат Уставот и законот. Уставот и законот ќе го кажат датумот. Ако со Мицкоски сме зборувале за 8 јули, тогаш ќе се согласиме. Ќе излеземе пред граѓаните и ќе речеме бараме плус три дена, т.е. 8 јули да биде датумот за избори”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*