Don't Miss
Home / Вести / Короната и стави катанец на Старата битолска чаршија

Короната и стави катанец на Старата битолска чаршија

                  

            Иако последиците од пандемијата со ковид 19 тешко ги погоди сите граѓани на државата, сепак коронавирустот најтешко ги погоди дуќанџиите од Старата битолска чаршија.

          По некилку месеци, трпеливост,  исчекување, надеж… деновиве кренаа раце и најголемите оптимисти во чаршијата и решија да им стават клуч на своите дукани.

          -Дуќанот се издава, или дуќанот се продава !

          Тоа се најчестите огласи  кои деновиве можат да се видат на излозите на дуќаните во Старата битолска чаршија.

          Деновиве клуч на својот дуќан му стави и еден од најстарите занаетчии во Чаршијата, кројачот Јанко, кој со тешко  срце го откажа дуќанот и одлучи истиот да  го затвори.

          Во разговорот за Битолски весник добар дел од дуканџиите се жалеа на состојбите во Чаршијата по  појавата на коронавирусот.

          Иако и пред пандемијата со ковид 19 на дуканџиите не им цутеа рози сепак некако крпареа. Но по појавата на пандемијата едноставно граѓаните ја заборавија Чаршијата.

-Повеќе не се издржува. Не знам што ќе правиме. Голем број дуканџии одлучија да им стават клуч на своите дукани. И јас секој ден размислувам да се одлучам на таков чекор. Но не знам што ќе работам откако ќе затворам. За пензија сум сеуште млад, а  за отворање на нов бизнис не сум кадарен. Да не зборувам дека со моите 52 години не смеам да рзмислувам за вработување во јавниот сектор, или во “ Кромберг и Шуберт “ каде се бараат најчесто работници, ни вели Ј.П кој пред десетина години по убедување на неговиот татко одлучи да  го продолжи семејниот бизнис со поправка на чевли.

          Навистина тажна е приказната на Ј.П. но слична е на речсии сите преостанати дкуканџии, кои иако се свесни дека државата не може на сите категирии граѓани да им ги реши проблемите, сепак се надеваат дека власта ќе помисли и на нив и ќе направи напори да им помогне со некои поволности, како што се даночни олеснувања, привремено замрзнување на кириите, исплата на минимални плати, или давање на поволни бескаматни кредити.

          Засега локалната власт сеуште нема излезено со некое решение сокое ќе им помогне на дукаџиите во Старата битолска чаршија да се справат со последиците од пандемијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*