Don't Miss
Home / Вести / Битола ќе формира регионално автопревозно претпријатие

Битола ќе формира регионално автопревозно претпријатие

Наскоро може да се очекува  Општината Битола  учениците да ги превезува со сопстевн автобуски превоз.

Ваквата идеја ја промовира претседателот на Советот, Валентин Груевски, кој  ја поддржува иницијативата  за формирање меѓуопштинско јавно преторијатие за превоз.

-Очекувам дека наскоро ќе донесиме одлука за воспоставување на една меѓуопштинска соработка меѓу општините Битола, Новаци и Могила, со која што ќе се почни процедура за формирање на меѓуопштинско јавно претпријатие за превоз, во кое трите општини ќе ги здружат средствата за превоз, и ќе формираме претпријатие кое што ќе врши превоз на учениците, а потоа и за сите заинтересирани кои што би ги користеле услугите  на ова јавно претпријатие. Ова ќе биде меѓуопштинско регионално претпријатие, рече претседателот на Совет Валентин Груевски

На овој начин Општината Битола планира конечно да му стави точка на проблемите со “ бесплатниот превоз “ на учениците кој и натаму  и создава големи проблеми на локалната самоуправа, а кој Битола ја чинеше мошне скапо, а поради кој на долгодишни затворски казни се осудени екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески (8 години), екс секретарот Слободан Бончановски на 6,5 години затвор а на затворски казни од 1 до 3 години  се осудени и десетина управители на автопревозни фирми кои ги извршуваа услугите со “ бесплатниот превоз’

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*