Во битолското село Егри во моментот дури 400 тони бостан чека на откуп.
Производителите на љубеници, кои најповеќе успеваат во ова битолско село, буквално не знаат што да прават со љубениците. Тракторите се преполни со бостан и веќе немаат каде ги складираат.
Ако до пред извесно време откупот одел добро и трговците биле заинтересирани за откуп, бидејќи го извезувеле бостанот, сега и нив ги нема, зашто како што велат жителите од Егри љубениците стасале и во соседните земји, па затоа опаднал интересот.
Тоа што најмногу ги плаши земјоделците од Егри е што на нивите има уште најмалку 400 тони бостан и тие се плашат дека најголемиот дел од него ќе остане на нивите.
Затоа мештаните од Егри апелираат за помош од државата и откуп на бостанот.
Фото: Димитар Петковски