Don't Miss
Home / Вести / Загина работник во Рудникот“ Суводол“

Загина работник во Рудникот“ Суводол“

         

          Синоќа во Рудникот “ Суводол “ во РЕК “Битола“, при работа со градежна машина, животот го загуби работникот В.К., 60 години.

Сопред информацијата  од РЕК “ Битола “ во моментот на несреќата, работникот  В.К. бил ангажиран на извршување на редовни работни активности.

Стручните служби на РЕК “Битола“ и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата.

Телото на загинатиот работник В.К. ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот, информираат од РЕК “ Битола “

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*