Don't Miss
Home / Вести / Остра реакција од ЕСМ

Остра реакција од ЕСМ

                   

          Во врска со некои текстови кои излегоа на некои портали за тоа како првиотчовек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски наместо да изрази сочуство з азагинатиот рудар пишувал поезија, со остра реакција се јавија од АД ЕСМ.

          Во реакцијата се вели:

Порталот лидер.мк објави лажна вест за наводен денешен фб статус на генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски ставајќи ја истата лажна вест во контекст со денешната трагедија во рудникот Суводол во РЕК Битола.

        Ваквата лажна вест, извртување на факти и пласирање неточна слика за менаџирањето на компанијата и комбинатот во услови на човечка трагедија е целосно непрофесионална од порталот лидер.мк, како и од курир.мк, нетпрес.мк и експрес.мк кои истата лажна содржина ја реобјавија, како и од сите други медиуми кои истото ќе го направат.

       Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски  и целиот Управен одбор од утрово се во РЕК Битола, веднаш по добивањето на трагичната вест. Се преземаат сите мерки за утврдување на фактичката состојба, а исто така ќе биде контактирано семејството на кое ќе му биде укажана целата помош која му е потребна во моментов, но и во следниот период.

         Содржината која наведените портали ја објавуваат е фб објава од 23 април 2016г. и е преземена од приватен профил кој директорот Ковачевски не го корист од 2018г откако беше назначен за директор на РЕК Битола и истиот е деактивиран пред повеќе од две години

      Со оглед на тоа што лажната вест има цел да и наштети на компанијата АД ЕСМ и да предизвика нарушување на честа и угледот на нејзиното деловно работење преку неосновани напади врз нејзиниот менаџмент, бараме ВЕДНАШ да ја повлечете лажната вест објавена во Вашиот медиум и да објавите точни и проверени податоци на темата, со цел јавноста да биде информирана, а не да биде дезинформирана преку неосновани напади и намерно ставње во лажни контексти.

Бараме овој демант да биде објавен на Вашиот медиум на истото место, во истиот формат и во истото временско задржување на насловната страна како и текстот на кој се однесува демантот, согласно Уставот чл.16, Законот за медиуми, Законот за граѓанска одговорност и клевета и Кодексот за етика на новинарите. се вели во реакцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*