Don't Miss
Home / Вести / До крај да се испита несреќниот случај

До крај да се испита несреќниот случај

                            

          И покрај тоа што несреќите  во рудниците, било тие да се јамски, или површински, се случуват често, сепак денес вработените во РЕК “Битола“ тешко ги погоди информацијата дека рано изутрината околу 2 часот загина нивниот колега Вецко Костадиновски(60), ракувач на багерот ТД 40.

          Управниот Одбор на АД ЕСМ, кој денеска одржуваше колегиум во Скопје веднаш ја прекина седницата и во комплетен состав  дојде во  РЕК “ Битола “  со цел  да се увери  како се случила несреќата и кои се причините за истата.

Иако  во РЕК “ Битола “се свесни дека причините за трагичниот настан  ќе ги дадат истражните органи и обдукцијата, кои веќе ја спроведуваат истрагата, сепак УО на ЕСМ донесе заклучок да се формира посебна стручна комисија која ќе ги испита условите како дојде до несреќата.

          Според првичните наоди сега покојниот Вецко Костадиновски ( 60 ) кој  работел трета смена, околу 2 часот изутрината, откако со багерот ТД 40 кој  години го управувал, а со кој Вецко отварал пат за нултиот систем во копот, во еден момент се превртил и паднал во провалија, при што Вецко Костадиновски  смртно настрадал.

          Вработениот Вецко бил сам на работа и немало други присутни.

Тој со багерот  бил во движење, но не  се знае како багерот, кој бил последен пат ремонтиран во март месец оваа година и бил во исправна состојба,  се превртил.

Инаку Вецко Костадиновски во РЕК “ Битола “ бил вработен од 2012 година. Тој бил искусен багерист и доста често пофалуван и наградуван. Важел за добар, професионален работник, посветен на работата за што во 2018 година бил унапреден два степени погоре.

          АД ЕСМ и првиот човек на компанијата, Васко Ковачевски, на семејството на Костадиновски им искажаа сочувство и им ветија секаква помош.

          Ковачевски остро го осуди сите пишувања на поедини портали и најави поднесување на кривични пријави против нив.

Инаку ова е петта несреќа во РЕК “ Битоал “ со трагични последици од 2003 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*