Don't Miss
Home / Вести / Багерот КУ 300 почна со работа

Багерот КУ 300 почна со работа

Во Рудникот “ Суводол “  по неколкудневни макотрпни и натчовечки ангажирања на стручните служби во  справувањето  со последиците од поплавите, кои  се случија на 5 и 6 авуст, конечно е оспособен за работа  багерот КУ 300.

          Најголемиот багер во рудникот  КУ 300 е оспособен за работа и веќе ги испорачува првите количини на јаглен од рудникот  “Суводол “.

          Ова го изјави за “ Нова Македонија “  првиот човек на РЕК “ Битола“ Златко Ќурчиевски.

          -Очекуваме багерот КУ 300  комплетно  да биде оспособен за работа со сите свои функции во наредните три до четири дена, изјави генералниот директор на РЕК “ Битола “ Златко Ќурчиевски, кој го поздрави ангажирањето на сите вработени во санирањето на последиците од поплавите, кога паднаа од 630 до 650 милиони литри вода и кои предизвикаа големи штети во рудникот “ Суводол“.

Претходно во функција по поплавите беа  вратени багерите 323  и 630/1 со претоварниот уред,  со што се  обезбеди континуираното снабдување со јаглен на термоелектраната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*