Don't Miss
Home / Вести / Општината се расфрла со народни пари за туѓи фестивали во време на пандемија

Општината се расфрла со народни пари за туѓи фестивали во време на пандемија

Општината Битола се расфрла со народни пари за туѓи фестивали во време на пандемија.  Објавувањето на информацијата од Општината Битола за потрошените пари за организирање на некои културни и музички настани предизвика остри реакции не само кај битолската јавност, туку и кај голем  број културни и музички работници.

            Особено битолчани се револтирани што  за некои музички настани како гостувањето на Жељко бебек, Дарко Рундек, Амира Медуњанон на Авалон продукција и концертот на Петар Грашо се потрошени  ни помалку ни повеќе дури 1,1 милион денари.

            Во врска со извештајот на Оштината  за потрошените пари  се јавија некои познати битолски културни и  музички работници, кои со години конкурираат за  пари од Општината за организирање на некои традиционални културни и музички настани, кои не можат да добијат ни денар.

-Денес кога видов колку пари доделила  Општината за организирање на неколку музички или културни настани  буквално ми се стемни пред очите. Од општината Битола со сила нас не прават нетокму. Како може  за Жељко Бебек и  Петар Грашо Општината да издвои 1, 1 милион денари, а  истите тие и да продаваат влезници по 600 денари. Ова не е ништо друго туку класично перење пари.

За овие концерти мора да реагира и антикорупциската комисија. Не може градоначалничката на Битола , Општината да се расфрла со нашите народни пари, која нема пари за обновување на фестивалот Серенада на Широк Сокак,  а да издвојува толку  многу пари за концерти на ислужени пејачи од екс југословнските простори., на кои им е забрането да пеат во нвните држави, ни вели еден познат битолски музички работник.

Битолчани се гневни што  парите за концертите на Авалон и Петар Грашо се потрошени во деновите кога Општината  Битола се соочуваше со најголем број позитивни од ковид 19 и кога Македонија имаше најмногу смртни случаи.

И покрај тоа што градоначалничката Наташа Петровска со нејзиниот избор има право да располага со буџет од 25 милиони евра, сепак  никој не и дал неа право во време на пандемија да се расфрла со народни пари.

Никој нема(ше) да има ништо против доколку тие пари кои ги даде за неколкукулте културни и музички  настани на неколкумина одбрани поединцн ги издвоеше во фондот за помош на здравствениот систем во Битола и ги донираше во Кличката болница.

Во моментот кога смртните случаи во Битола станаа статистичка бројка и се зголемува бројот на заразени од ковид 19 никој не и дал право ни на  Петровска, или нејзината “ стручна комисија “ за култура да се расфрла со пари за измислени културни настани, велат битолчани.

На битолчани добро им е познато колку пари екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески трошеше за “ Бит Фест “.Но тој барем како што велеше го правеше најдолгото и најбогатото  со културни настани битолско културно лето, кое траеше речиси три месеци и во кое имаше по над 270, (а не смо неколку) културни настани, а во кое учество имаа  стотици културни и музички работници од Битола, а не двајца менаџери од Скопје.

Инаку да потсетиме  Општината Битола на барање на битолската јавност денеска ги објави средствата кои ги има издвоено за спонзорирање на неколкуте културни и музички настани, кои се одржаа во изминатите денови и тие кои ќе с еодржат наскоро.

            Според извештајот за неколкуте културни настани и концерти Општината Битола издвоила вкупно 3.769.000.00 денари.

            Од општинскиот буџет на Битола најмногу средства добила продукцијата Авалон, која за трите концерти на      Амира Медуњанин, Дарко Рундек, Жељко Бебек на

    “ Хераклеја “ добила 10.000 евра, или 600.000 ден. Веднаш зад Авалон е  фестивалот “ Битола отворен град“, кој треба да стартува  деновиве кој исто така доби 600.000 ден., па концертот на Петар Грашо со 500.000 ден.

            Од другите културни и музички манифестации средства од општинската каса добиле:Камерениот оркестар, 150. 000 денари, Локум фест, 120. 000 ден. “Илинденски денови  “200. 000 ден.,Џез фестивал 100. 000 ден. Фестивал на музика и вино  300.000 ден. Тра-ла-ла со камерен оркестар  150. 000 ден. Незаборав (електронска верзија) 156 000 ден. одбележување на денот на младите 120. 000 ден. 300 работи, Триста  работи 300,  28. 000 денари, ИФФК Браќа Манаки   220. 000 ден. Мал битолски Монмартр  150. 000 денари. Одбележување на 60 години Македонски Научно Друштво Битола   375. 000 ден.

            Во извештајот на Општината не се нагласува по кои критериуми се доделени средствата и кога беше  објавен конкурсот за помагање на културните и музичките настани, во време на пандемија.

            Менде Младеновски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*