Don't Miss
Home / Вести / Со општински пари до велосипеди за цели семејства

Со општински пари до велосипеди за цели семејства

                       

            Скандал во Битола.  Општина Битола вчера  ги објави добитниците на субвенција за купување на  велосипеди.

Тоа што ги разгневи битолчани е што  на списокот може да се забележи  дека двајца, или пак дури  тројца жители, кои што живеат  на иста адреса на живеење добија субвенција од 30 отсто до 5.000 денари за секој купен велосипед, а стотици други битолчани извисија и не добија ни денар.

Многумина тоа го коментираат дека со средства на општината  во Битола цели семејства си купија велосипеди.

До тоа дојде затоа што и овие субвенции  како и субвенциите за купување на  клима уредите ,минатата година се доделувани по принципот прв дојден прв услужен, без никакви критериуми и врз основа  исклучиво само на доставени фискални сметки.

-Критериумите за добивање на субвенција за велосипед беше фискална сметка во периодот од моментот на објавувањето до завршувањето на огласот и критериумот прв дојден прв услужен. Немаше критериуми дали во некоја фамилија може да  се доделат 2,3,4 или пак 5 велосипеди, или пака во некоја фамилија ќе се додели само еден велосипед. Онолку колку што аплицирале толку и добиле се до исцрпување на средствата во износ од 1 милион денари вели е претседателот на Совет Валентин Груевски.

Со овој скандал се потврдија шпекулациите во битолската јавност дека  некои од добитниците на субвенции  за купување клима уреди и велосипеди од свои  инсајдерски извори од општината   имаа информации кога ќе биде објавен јавниот  повик и истиот момент ги доставува  фискалните сметки до општинската архива.

Токму затоа битолчани бараат овој јавен повик да биде поништен и да не му се исплаќаат средствата на лицата кои добија субвенции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*