Don't Miss
Home / Вести / Врие во ВМРО ДПМНЕ

Врие во ВМРО ДПМНЕ

                 

          Во ВМРО ДПМНЕ во Битола врие!

     Ова денеска ни го соопштија во нашата редакција неколкумина видни членови на партијата, кои се незадоволни од моменталните состојби во партијата.

          Тие се незадоволни од поразот што партијата го доживеа на неодамнештните предвремени парламентарни избори и што за неуспехот воопшто не се дискутира во партијата.

          Во ВМРО ДПМНЕ Битола голем број од членовите кои иако “молчат“ сепак вријат, поради состојбите во партијата и што првиот човек на партијата Христијан Мицкоски сеуште го залажува членството дека тој наводно победил на изборите и дека во наредниот период тој со масовни протести ќе ја срушел владата на Заев.

          Тие истакнуваат дека и тоа е нова лага, бидејки во моментот нема расположение кај членството за масовни протести.

          Во  ВМРО ДПМНЕ Битола дел од членството се на мислење дека Мицкоски треба да си поднесе оставка и да се  распише вонреден конгрес на кој ќе се избере ново ракводство.

          Незадоволните членови на ВМРО ДПМНЕ сметаат дека  таквата атмосфера негативно се одразува пред претстојните локални избори.

          Во ситуација кога градоначалничката на Битола, Наташа Петровска веќе наголемо ја турка  својата кампања за нов мандат на локалните избори, недозволиво е што ВМРО ДПМНЕ Битола сеуште нема свој кандидат со кој ќе излезат на локалните избори.

          Доколку ваквата атмосфера продолжи ВМРО ДПМНЕ  ќе доживее нов пораз на претстојнте локални и можни предвремени парламентарни избори.

          Доколку Мицкоски остане на чело на партијата а и во Битола не дојде до смена на ракводството новиот пораз на претстојните избори е неминовен ни изјавија нашите соговорници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*