Денеска пред советниците се најде одлуката за доставување на барања за согласност од Владата за реализирање на настава со физичко присуство.
Оваа одлука е врз основа на барањата на училиштата преку општината до Владата за реализирање на настава со физичко присуство во основно образование за учениците од четврто до деветто одделение и за учениците во комбинирани паралелки од прво до петто одделение во учебната 2020/2021 година, поднесени од:
– ОУ „Д-р Трифун Пановски“ ,ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ ОУ „Александар Турунџев“ с.Кукуречани, ОУ „Крсте Петков Мисирков“ с.Бистрица, ОУ „Елпида Караманди“ и ОУ „Коле Канински“
Во средно образование во учебната 2020/2021 година, барања за физичко присустви поднесоа СОУ „Таки Даскало“, СОЗУ „Кузман Шапкарев“
Барања за согласност од Владата за реализирање на практична настава со физичко присуство во учебната 2020/2021 година, поднесеоа ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ и СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, а Гимназијата “ Јосип Бриз Тито “ поднесе барање за добивање согласност од Владата за реализирање на настава со физичко присуство по предметот Спорт и спортски активности во учебната 2020/2021 година