Дали на повидок е ставање клуч на интервентната кардиологија во Клиничката болница во Битола?
Ова прашање во последно време се почесто си го поставуваат битолчани.
Во Клиничката болница не работи ангиографот и пациентите кои имаат срцеви проблеми сега се згрижуваат во Скопје и Охрид.
Според извори од Клиничката болница во Битола ангиографот не работи од 1 јануари 2019 година.
На тој начин вработените во интервентната кардиологија, која во Клиничката болница почна да работи 2014 година пациентите ги препраќаат за ставање стентови, или правење коронографии во Скопје и Охрид.
Засега никој не знае кога ангиографот ќе биде поправен или ќе биде набаване нов.
Од болницата ни велат дека постојано добиваат ветувања дека ќе биде набавен нов ангиограф, но и по речиси 20 месеци нема ништо од тоа.
Дефектот на ангиографот во голема мера не ги загрижува само срцевите болни во Битола, туку и вработените во интервентната кардиологија, кои не можат да ги лекуваат своите пациенти.
Инаку отворањето на интревнтната кардиологија во Клиничката болница во Битола во 2014 година беше поздравено не само од битолчани, туку и осигурениците од Регионот, кои за секој срцев проблем не мораа да бидат испраќани во Охрид и Скопје.
Поради таквите состојби, кои се ризични за транспорт многу пациенти немаа среќа да стигант до Скопје и Охрид, па ги губеа животите за време на транспортот.болница, срцеви, болни,