Don't Miss
Home / Вести / Средба на претседателот Пендаровски со локалните и регионалните медиуми во Битола

Средба на претседателот Пендаровски со локалните и регионалните медиуми во Битола

         

          Претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој престојува во Битола по повод одржувањето на фестивалот на филмската камера “ Браќа Манаки“, на кој тој е генерален покровител, вечерва оствари средба со локланите и регионалните медиуми  и дописници.

На средбата низ еден неформален разговор стана збор за состојбата во локалните и регионалните медиуми во Битола, како и за проблемите со кои се соочуваат овие медиуми.

          Новинарите на средбата ги истакнаа тешките состојби со кои се соочуваат локалните и регилналните медиуми кои се главно од недостиг на финансиски средства.

          Беше истакнато дека новинарите во локалните и регионални медиуми, дали се тие печатени или електронски  работаат во исклучително тешки услови и дека медиумската сфера во Битола  се соочува со ислучително тешки состојби, кои лесно можат да предизвикаат гаснење на дел од медиумите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*