Владата ја достави до Собранието листата со предлози за замениците-министри во име на премиерот Зоран Заев, и преку соопштение попладневно ги објави нивните имиња.
Башким Хасани е предложен за заменик-министер за одбрана, Назим Буши за заменик министер за внатрешни работи, а Агим Нухиу е предлог за заменик-министер за правда.
Илхан Рахман е предложен за заменик на министер кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а Фатмире Исаки за заменик-министер за надворешни работи.
Димитар Ковачевски е предлог за заменик-министер во Министерството за финансии, Зоран Маневски во Министерството за економија, а Трајан Димковски во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Илир Хасани е предлог за заменик-министер во Министерството за здравство, Арафат Шабани во Министерството за образование и наука, Енвер Хусејин во Министерството за труд и социјална политика, додека Зоран Димитровски е предложен во Министерството за локална самоуправа, а Седат Сулејмани во Министерството за култура.
Александар Бајдевски е предложен за заменик-министер за информатичко општество и администрација, Беким Реџепи за Министерството за транспорт и врски, а Христина Оџаклиеска за Министерството за животна средина и просторно планирање.
Инаку Зоран Димитровски – Жоро е еден од најпознатите македонски новинари. Бил главен уредник на Млад Борец, Фокус, Дневник, Вечер, и Нова Македонија и голем почитувач на Битолски весник, кој беше редовен гостин на Манифестацијата “ Избираме најуспшни битолчани “