Техничкиот проблем кој се појави утринава при аплицирањето на граѓаните – жители на Општина Битола на јавниот повик за субвенционирање на домаќинствата во општината за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди, е надминат.
Страницата btsubvencii.mk повторно е ставена во функција од 19.30 часот.
Дотогаш, сите граѓани кои аплицирале во периодот од 08:00 до 08:43, а не добиле повратна информација, ќе добијат известување на внесената мејл адреса, за статусот на аплицираното барање.
Се молат граѓаните при аплицирањето, да ги следат насоките дадени во упатството за аплицирање.