Don't Miss
Home / Вести / Од ковид 19 починаа седум лица

Од ковид 19 починаа седум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-10, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-5, Гостивар-4, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-9, Пробиштип-1, Берово-5, Делчево-1, Кичево-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-8, Дебар-4, Штип-1, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-5, Крива Паланка-7, Радовиш-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Пехчево-7, Виница-4, Свети Николе-1. 

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г), пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г). 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16780, бројката на оздравени пациенти е 13949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2131. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6585, активни 584 
• Куманово 1698, активни 207
• Дебар 276, активни 36
• Штип 1232, активни 63
• Прилеп 618, активни 131
• Тетово 1381, активни 173
• Струга 647, активни 62
• Велес 309, активни 36
• Битола 272, активни 65
• Охрид 405, активни 47
• Кавадарци 215, активни 33
• Гостивар 907, активни 110
• Гевгелија 107, активни 60 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 175, активни 106
• Крива Паланка 96, активни 31
• Радовиш 71, активни 23
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 264, активни 104
• Пробиштип 104, активни 22
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 91, активни 12
• Пехчево 42, активни 11
• Берово 84, активни 26
• Валандово 17, активни 8
• Виница 98, активни 24
• Делчево 145, активни 76 (30 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 
• Кратово 24, активни 4
• Свети Николе 316, активни 19
• Кичево 311, активни 38
• Ресен 160, активни 13
• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 552 теста се преку: ИЈЗ-199, ЦЈЗ Скопје-26, Авицена-0,  Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Систина со PCR метода -128, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-17, Синлаб-69, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 176.017 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. Нема пациенти на респиратор. 

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 150, позитивни и сомнителни на ковид-19. 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 

• Чаир – 63
• Гази Баба – 74
• Аеродром – 86
• Карпош – 70
• Центар – 78
• Кисела Вода – 52
• Ѓорче Петров – 38
• Бутел – 33
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 11
• Сарај – 16
• Арачиново – 9
• Илинден – 15
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 6
• Зелениково – 2
• Странец – 6
• Нераспределен-2

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*