Игор Дурловски, носителот на листата на ВМРО ДПМНЕ, во петтата изборна единица не е повеќе пратеник на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Обнова.
Имено, Игор Дурловски од засега непознати причини за јавноста стана #независен# пратеник.
Тоа стои и на официјалната страница на Собранието на Македонија, на која во графата на независни пратеници стои името на Игор Дурловски.
Преминувањето на Дурловски во “независен” пратеник ги изненади сите илјадници битолчани кои на неодамна завршените предвремени парламентарни избори го дадоа својот глас за него.
Засега не се познати причините зошто Игор Дурловски ја напушти пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и стана “независен” пратеник.
За неговиот потег молчат и во партијата, молчи и тој.
Барајки одговор на ова прашање сепак успеавме да дознаеме дека Игор Дурловски иако се води како независен пратеник, тој сепак не е “независен “ .
Имено Игор Дурловски, кој нее член на ВМРО ДПМНЕ кога ја пополнувал апликацијата напишал дека е независен и дека не е член на ниту една партија и затоа тој е вметнат во графата на независните пратеници.
Сепак тој редовно присуствува на сите координативни седници на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и иако се води како независен пратеник, доследно ги почитува одлуките на партијата и се труди да ги застапува партиските директиви.