Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци тепаа неколку лица во Битола. Според него, таквото однесување е срамно за полицијата.
– Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда. Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста – напиша Заев на Фејсбук.