Don't Miss
Home / Вести / Ранети двајца мигранти!?

Ранети двајца мигранти!?

          Иако за сега од СВР Битола сеуште не излегуваат во јавноста со информации  за тоа што се случувало, денеска  рано изутрината кај Буковски мост, сепак според извори на Битолски весник таму утринава се одвивала вистинска драма.

          Имено полицијата кај Буковски мост му подготвила, заседа на возачот на џипот марка Порше.  Иако била поставено блокада џипот не застанал и со голема брзина ја пробил болкадата.

          Според информации на Битолски весник  полицијата со намера да го застани возачот на џипот испукала неколку куршуми.

Притоа двајца од сопатниците во џипот биле повредени и однесени во Клиничката болница.

          Со оглед на тоа што едниот од сопатниците се здобил со потешка прострелна рана  во придружба на лекари од  Ургентна медицина и полицијата е транспортиран во Скопје, на Клиниката за траумотологија.

          Според некои информации се работи за шверц на емигранти, а според други за шверц на дрога.

          Во СВР Битола засега, во интерес на истрагата не излегуваат со информација за каков инцидент се работи.

Полицијата сеуште трага по возачот на џипот кој наводно бил Марка Порше кој сеуше е во бекство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*