Don't Miss
Home / Вести / Возач и мигрант ранети при обид да избегаат од полицијата

Возач и мигрант ранети при обид да избегаат од полицијата

Возач, кој превезувал мигранти и еден патник, добиле со прострелна рана во нозете додека возачот се обидувал да ѝ побегне на полицијата.

Настанот , за кој Битолски весник вчера пишуваше се случи вчера рано утрото на патот кај селото Кравари.

Според информациите од МВР, полициските службеници се обиделе да сопрат патничко возило со скопски регистарски ознаки, но возачот се обидел да ги прегази. Потоа полицајците од огнено оружје испукале неколку истрели.

Набргу возилото запрело во близина на бензинска пумпа на влез во Битола, а во него бил затекнат возачот Ш. С., кој добил две прострелни рани во нозете, а во непосредна близина бил пронајден и еден мигрант со прострелна рана во едната нога.

Повредените лица се пренесени во Клиничката болница во Битола за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*