Гордана Јанкулоска денеска попладне е спроведена во затворот Идризово на издржување на затворската казна од 4 години за набавката на мерцедесот во случајот познат како „Тенк“.
Ова го потврдија и од Основниот Кривичен суд и ов МВР.
Денеска попладне до судот стасала пресудата од Врховниот суд и со наредба на судија за извршување санкции Јанкулоска е спроведена во Идризово.
Од Основиот Кривичен суд објаснуваат дека сега не бил потребен упатен акт, бидејќи таа веќе претходно имала еден кога и беше одложено заминувањето на издржување на казната.