Деновиве на македонската политичка сцена се води вистинска битка за тоа чиј е Гоце Делчев.
Прашањето за “припадноста “ на Гоце Делчев доби и меѓународни размери, така што околу тоа кому му припаѓа Гоце Делчев најверојатно ќе се дебатира наскоро и во Брисел.
Нашиот сосед Бугарија, по потпишувањето на Договорот со Македонија не крие дека Гоце Делчев е нивни и дека е Бугарин и дека доколку не се најде компромис околу тоа кому му припаѓа тој, Македонија ќе се соочи со блокада и не ќе може да ги почне преговорите за влез во ЕУ.
Проблематизирањто на припадноста на Гоце Делчев може да доведе до тоа Бугарија да стави вето на почетокот на преговорите со Бугарија и Македонија повторно да биде исправена пред нова блокада на патот кон своите евроинтеграции.
Иако засега власта се обидува да го релативизира проблемот што го наметна Бугарија со Меморандумот што го испрати до Брисел, сепак се чини дека Македонија по решавањето на проблемот со Грција околу името, сега ќе се соочи со проблемот кој го наметнува Бугарија, околу тоа чиј е Гоце Делчев.
И додека од Бугарија отворено и децидно се тврди дека Гоце Делчев е Бугарин и дека тој и припаѓа на Бугарија, во Македонија политичарите се поделија околу припадноста на Делчев.
Додека власта во последните денови настојува да го релативизира проблемот со тоа што тврди дека Гоце Делчев е Македонец, но дека не можеме на Бугарија да им забраниме тие да си го сметаат дека е нивни, опозицијата деновиве се обиде на протести да го брани името, ликот и делото на Гоце Делчев.
Иако можеби ќе звучи како флоскула, сепак ќе кажам дека за мене и за милиони граѓани на Македонија, кои живеат на родните огништа и на тие кои својот леб и егзистенција го печалат во странство, Гоце Делчев бил, е и секогаш ќе биде Македонец.
Тој бил и останува да биде идеалогот на македонската револуционерна борба за самостојна, независна, суверена држава, Република Македонија.
Лично мислам дека за тоа чиј е Гоце Делчев нема потреба ни да се дискутира, бидејки тоа е прашање кое како што едно време говореше еден македонски политичар од актуелната власт дека не заслужува одговор.
Како се доведовме до тоа чије Гоце Делчев да ни го постават како услов за нашите евроинтеграции е сосема друго прашање, како што за мене е непоимливо и прифаќањето за заедничко одбележување и славење на нашите светли датуми и револуционери заедно со снекои наши соседи.
Низ историјата Македонија била цел на многу окупатори, кои се обиделе не само да ја покорат и да ја држат во ропство, туку и да ја асимилираат Македонија.
Имам доволно години за добро да се сеќавам на приказните на мојот дедо и татко како тие биле покрстувани и прексртувани од Турците, Бугарите, Србите,Грците, Албанците.
Сите тие земји, Македонија и Македонците ги сметале за свои и настојувале насила да ги присвојат.
Безмалку сите тие, кои себеси се преставувале како ослободители биле окупатори, кои настојувале да го асимилираат овој народ.
Но дури и по неколку вековно или децениско ропство не успеале во тоа.
Македонците биле и останале тоа што се Македонци, без разлика дали некој ги прекрстил во Асан, Џорџе, Вецко, Михо…
Оттаму за мене лично е неприфатливо и проблематично заедничкото одбележување и славење на некои исторсики настани или личности со сегашните соседи, кои во минатото биле окупатори и асимилатори на македонскиот народ.
На овие простори враќањето кон минатото низ историјата било и останува фрустирачко за нас.
Многу од тие држави во мнатото ни ја бришеле историјата. Сега истите се обидуваат да ни напишат нова, нивна историја, во која ние нема да бидеме ние, а тие ќе останат да бидат тие, кои наводно биле наши ослободители.
И кога станува збор за присвојувањето на Гоце Делчев, право е на Бугарија да го смета за свој.
Но никој, па ни Бугарија нема право да не присили ние да се откажеме од него дека е наш, за да ги почнеме преговорите за ЕУ, зашто во тој случај, ние не само што ќе се откажеме од Делчев, туку ќе се откажеме и од Македонија, бидејќи тој беше и останува идеалогот за формирање на нашата држава.
Секоја власт со добивањето на довербата на граѓаните на изборите има легитимно право да се грижи за минатото, сегашноста и иднината на државата и на народот.
Но никој нема право да се откажува од тие кои со своите животи се вградиле во темелите на оваа држава, кои пред неколку векови биле задоени со идејата за сопствена, самостојна, независна, суверена држава Македонија, во која ќе има место под сонцето не само за Македонците, туку и за Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите.
Откажувањето од историјата и нашите историски личности е откажување од сите нив, кои го дале животот за Македонија.
Тоа право не го има ни оваа ни сите идни влади.
На крајот наместо заклучок би рекол дека проблемот кој сега ги имаме со Бугарија треба да биде добра поука за сите оние кои за ситни интереси на нотар се откажуваат од својата припадност и се изјансуваат дека се Бугари и имаат бугарски корени.
Еден ден тоа скапо ќе не чини, не само нас, туку и нивните деца.
Колумната прочитајте ја во најновиот број на Битолски весник кој ќе излезе од печат утре,30 септември