Во последните 24 часа во Битола се регистрирани 7 нови позитивни случаи на ковид 19.
Ова го соопштија од Центарот за јавно здравје Битола, каде во изминатото деноноќе се направени 59 тестирања.
На што се должи ваквото драстично зголемување на позитивните на ковид 19 засега нема информација.
Но многумина сметаат дека ваквото зголемување се должи на опуштањето на битолчани, како и на концертите и другите музички и културни настани кои се правеа во изминатите денови во Хераклеја, како и приватните журки и собирња.
Иако во Битола се зголемува бројот на позитивните лица, сепак битолчани како да не се загрижени за тоа, па во градот под Пелистер се одржуваат манифестации без почитување на здравствените протоколи.
Инаку според информациите на Центарот за јавно здравје Битола во овој регион денеска нови случаи има и во Ресен 1, Кичево 2 и Прилеп 2.
Од почетокот на епидемијата во Битола се регистрирани 303 позитивни на ковид 19, а бројот на активни случаи е 62.
Од нив во Крушево има 1 активнен случај, во Демир Хисар 2, во Македонски Брод 12 активни случаи, во Кичево 37, а во Ресен активни 16 случаи.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти.
М.М.