Среќен почеток во новата учебна година на неколку училишта во Радовиш им посака генералниот директор на Адора инженеринг проф.д-р Ванчо Чифлиганец и извршната директорка, д-р Драгана Д. Чифлиганец, со донација на нови компјутери.
„Во вакви тешки времиња на пандемија КОВИД 19 Адора инженеринг и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, одлучија со донација на 12 нови персонални компјутери и 6 iPad ( ајпади ) на неколку училишта во Радовиш да им помогнат на наставниците и на учениците непречено да ја реализираат и следат on-line наставата.
Оваа година е тешка за сите, се соочуваме со големи предизвици и затоа треба, секој според можностите, да го поддржиме образовниот процес, бидејќи после здравството, образованието е најважната алка во општеството, тоа се нашите идни генерации”, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, при предавањето на донацијата, во присуство на директорите на училиштата. Тие изразија огромна благодарност и порачаа дека оваа иницијатива на Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец” ќе биде пример кој ќе го следат и други компании, организации и поединци.