Вечерва во Битола со настапот на Националната опера и балет со “ Севилскиот бербер “ на Џакомо Пучини, под диригенство на Иван Еминовиќ, почнува 29 издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола 2020 година.
Свеченото отворање наместо во Пациото на Заводот и Музеј ќе биде со почитување на сите здравствени протоколи во Големата сала на Центарот за култура.
Пред свеченото отворање на фестивалот во Заводот и музеј ќе биде отворена ликовната изложба „Македонско современо сликарство“ .
Годинашното издание на “ Интерфест“ ќе трае до 12 октомври.