Don't Miss
Home / Вести / Нови 191 заболени од ковид 19

Нови 191 заболени од ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 191 нови случаи на Ковид-19 од направени 1.350 тестирања.

Новите случаи се регистрирани во: Скопје-96, Тетово-15, Кочани-15, Прилеп-13, Штип-5, Струмица-5,  Виница-5, Куманово-4, Гостивар-4, Гевгелија-4, Берово-4, Битола-3, Делчево-2, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-2, Валандово-2, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Пехчево-1, Велес-1, Кавадарци-1, Неготино-1.

Во болнички услови починати се 3 лица, пациент од Скопје (81 години), од Кичево (67) и од Струга (77).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 77 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 18,790, бројката на оздравени пациенти е 15.341, на починати е 756, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.693.

Министерството за здравство информира и дека:

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се едно дете и една мајка позитивни на Ковид-19 и три деца и три мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 10, а во болницата во Штип се 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 185, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Направените 1.350 теста се преку: ИЈЗ-422, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-358,  Биотек-199, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-82, Систина со PCR метода -109, лабораторија Лаор –57, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-47, Инфективна клиника-6, ГАК-11, Синлаб-22, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 195.002 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*