Министерството за здравство ја информира јавноста дека утрово, Комисијата за заразни болести донесе предлог-одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР-тестирање.
Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите.
Во Европската Унија сите граници на движење се без ПЦР-тестирање.
Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата.