Don't Miss
Home / Вести / За инвертори конкурирале 3.700 битолчани

За инвертори конкурирале 3.700 битолчани

       

        За субвенционирање на клима инвертори, во Битола конкурирале 3.700 битолчани.

        Од нив 3.100 се од т.н. прва зона, која го опфаќа Централното градско подрачје, додека 600 битолски семејства конкурирале од втората зона, која го опфаќа просторот на Нова Битола.

        Ваквиот голем интерес за купување на клима уреди ги изненади сите  во Општината Битола.

-Многумина не убедуваа дека нема да се пополни бројот од 2.500   лица, кои ќе конкурираат за добивање субвенции за клима уреди. Но бројката од 3.700 битолчани кои се пријавија  на електронското пријавување ги изненади и најголемите оптимисти, ни изјави Валентин Груевски, претседател на Советот.

Инаку според јавниот повик кој го распиша Општината Битола во градот под Пелистер ќе бидат субвенционирани 2.500 лица, кои ќе добијат по 1.000 евра субвенција за секој набавен инвертор клима уред.

Овие средства ги обезбеди ЕСМ, со одлука на Владата, а средствата веќе подолго време се легнати на сметката на Оптината Битола.

Инаку ЕСМ за субвенционирање на инвертори обезбеди  вкупно 10 милиони евра сопстевни средства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*