Don't Miss
Home / Uncategorized / Пациенти од Прилеп на лекување во Битола

Пациенти од Прилеп на лекување во Битола

               

        Со оглед на тоа што на Инфективното  одделение во Прилепската болница нема повеќе слободни места за лекување на болните од ковид 19, Министерството за здравство  одлучи пациентите од Прилеп да се носат во Битола.

        Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

        Филипче  изјави дека во  Прилепската болница на Инфективното одделение во моментов нема слободни места, па затоа пациентите ќе се префрлат  на некои од другите одделенија.

Со оглед на тоа дека има слободни места во Битолската болница, неколку пациенти  од Прилепската болница уште од денеска  се префрлени на лекување во  Битола, изјави Филипче.

– Сега за сега ова не е нешто што не може да се изменаџира. Има доволно слободни места на Инфективното одделени во Битола, а можат пациенти да се носат и во Скопје, рече Филипче.

Инаку и во Битола постојано се зголемува бројот на новозразени од ковид 19.

Според денешниот извештај  на Центарот за јавно здравје денеска во Битола  се регистрирани  9 новозаболенилица.

Во Клиничката болница оздравени се  вкупно  четворица битолчани.

Инаку од појавата на пандемијата до денес  во Битола  се заразиле  354 битолчани, а 84 се активни случаи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*