Don't Miss
Home / Вести / Уапсен битолчанец за доиздржување на затворска казна

Уапсен битолчанец за доиздржување на затворска казна

Празникот 11 октомври беше последниот ден кој четириестегодишниот битолчанец В.А. го помина на слобода.

Истиот ден околу 10.30 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и Полициската станица Битола, врз основа на судска наредба, го уапсија В.А.(40) од Битола за доиздржување казна затвор од една година и два месеци во Казнено-поправната установа во Прилеп.

Според битолската полиција, за В.А. била распишана потерница за осудено лице кое избегало од затвор. В.А. со правосилна судска пресуда бил осуден на две години и седум месеци затвор.

Откако тој во затворот поминал една и пол година, избегал од затворот во Прилеп и бил недостапен за полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*