Don't Miss
Home / Вести / Прилепската компанија “Комфи Ангел“ донираше 25.000 маски за битолските училишта

Прилепската компанија “Комфи Ангел“ донираше 25.000 маски за битолските училишта

 Прилепската компанија “ Комфи Ангел “ донираше 25.000 заштитни маски за еднократна употреба за битолските основни  училишта.

Ова го соопшти градоначалничката на Битола, Наташа Петровска за време на посетата на ОУ “ Д-р Трифун Пановски “

-Во овие специфични околности во кои шо се наоѓаме, а кои што влијаат врз образовниот процес, особено ми е значајно континуираното следење на условите и можностите во самите образовни институции. Тоа е целта на денешната моја посета на ова училиште и со директорот разговаравме како се одвива наставата и дали се воочени некакви проблеми кои што општината со соодветен пристап може да ги реши. Покрај општината и МОН, кои се целосно внесени во адаптација на условите, особено ни значи придонесот од компаниите, како што е во случајов „Комфи Ангел“, која донираше 25.000 детски маски, за користење на децата кои посетуваат настава со физичко присуство, изјави градоначалничката Наташа  Петровска.

Маските се распределени според соодветниот број ученици во секое основно училиште.

Во ОУ „Д-р Трифун Пановски“ во кое  150 деца  присуствуваат со физична настава доделени се вкупно 1.500 маски.

Благодарение на поддршката на Општината во ова училиште обезбеден  е интернет, компјутери за непречено одвивање на настава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*