Don't Miss
Home / Вести / Судбината на Копанки ќе се знае по завршувањето на судскиот спор

Судбината на Копанки ќе се знае по завршувањето на судскиот спор

           

          Кога пред нецели 7 години до темел изгоре планинарскиот дом “Копанки“ на Пелистер тогашното општинско раководство предводено од екс градоначалникот Владимир Талески уште истиот ден  ветија негова брза обнова.

          Но иако оттогаш изминаа  повеќе од седум години, а покрај на Талески за нецела година му завршува мандатот и на актуелната грдаоначалничка Наташа Петровска, од реновирањето на “Копанки“ засега  нема ништо.

          Таквата состојба, во која се наоѓа “Копанки“ беше повод советникот на независната листа “Поинаку “ Иван Чулковски на денешната седница на Советот  да побара битолските советници и политичари да заборавта на суетите и да  се формира посебно тело кое итно ќе ги состани  завојуваните страни за случајот “Копанки“ се со цел  како што рече, конечено по 7 години, да се изгради макар една соба  во домот каде планинарите ќе можат да пијат чај.

Но ваквиот предлог категорично беше одбиен од претседателот на Советот, Валентин Груевски кој одговори дека судбината на “Копанки“ ќе се знае по завршувањето на судскиот спор кој се води помеѓу Оптината Битола  и ПСК Пелистер, кој моментно е сопственик на објектот.

– Советот на Општина Битола на 20.6.2018 година донесе заклучок за започнување на постапка за изнаоѓање на решение за обнова на Планинарскиот дом “Копнаки“. Таквиот заклучок го гласавме сите и во него напишавме дека Советот на Општина Битола се обврзува  да  обезбеди средства во износ од 100 000 евра за обнова на “Копанки“.

 Советот на Општина Битола го повика ПСК Пелистер да продолжи со разговорите со градоначалникот на Битола за градење на заемно прифатливи услови поврзани околу изградбата на Планинарскиот дом “Копанки“ во интерес на општото добро. Општина Битола во овој момент нема законска можност за вложување во Домот зашто стопроцентен сопственк е ПСК Пелистер, а во тек е судски спор. Откако тој ке се реши ке се знае кој ќе стопанисува со “Копанки“. ДотогаШ  Советот не може да носи нови заклучоци, изјави Груевски.

Како и да е очигледно е дека судбината на “Копнаки“ нема да се реши во овој мандат на градоначалничката Наташа Петровска, која иако изјави дека првиот чај во нејзинот мандат ќе го пие на Копанки, сепак поради долготрајните управно- правни и судски процеси  повеќе од сигурно е дека до крајот на мандатот на Петровска, “Копанки“ ќе отане руина на Пелистер, како нем сведок на битолските политички игри и санкања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*