Don't Miss
Home / Вести / ВМРО ДПМНЕ иако не се сложува, сепак ќе гласа за мерките на Филипче

ВМРО ДПМНЕ иако не се сложува, сепак ќе гласа за мерките на Филипче

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека предложените измени на Законот за заштита на населението од заразни болести нема да донесат ништо конкретно во борбата против пандемијата. Но и покрај нивните забелешки велат дека нема да го опструираат донесувањето на измените.

„Во овој закон нема конкретни мерки за борба против пандемијата. Исто така во овој закон нема мерки за зајакнување на капацитетите на институциите кои што ги вршат ковид тестовите и нема мерки за поевтино тестирање на ризичните групи на населението како пензионерите или хронично болните. Само зголемување на надлежности на институциите и инспекциските служби, тоа е она што го содржи овој предлог закон“, посочи Никола Мицевски.

Мерките што се предвидени со измените на законот предвидуваат угостителските објекти да работат до 23 часот, освен за оние кои вршат испорака, ограничување на капацитетот на патници во автобусите на 50 проценти, да се носат маски на отворено, забрането групирање на повеќе од четири лица на отворено и ограничување на бројот на гости во домовите. Од друга страна се зголемуваат и ингеренциите на инспекциските служби, кои ќе го заострат контролите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*