Во пресрет на утрешниот натпревар на Еурофарм Пелистер со Гудме во Шведска прес конференција одржа претседателот на СДММ, Петар Николовси.
-Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денес во Данска ја започнува новата авантура во европскиот ракомет. За жал, во време на корона, тешко дека ќе имаме можност да го бодриме од трибините и кога ќе игра тука во Спортската сала Боро Чурлевски. Без разлика на околностите, сигурен сум дека битолчани ќе го бодрат својот клуб каде и да игра, кога и да игра.
А, до пред само една година, врвен европски ракомет битолчани гледаа само на телевизија. Локалната самоуправа предводена од СДСМ покажа дека со искрен и сериозен пристап кон спортот, Битола може да се радува и на Лига на шампиони.
Кога Советот на Општина Битола гласаше за платформата за ракометна Битола и враќање на ракометниот ентузијазам во Битола, опозицијата беше воздржана. Скептични беа можеби и дел од граѓаните на Битола, но денес сме сведоци дека Еурофарм Пелистер е успешна приказна која општината годинава ја поддржа со 15 милиони денари. По цели 14 години европскиот ракомет се врати во Битола, а локалната самоуправа предводена од СДСМ го овозможи тоа., рече Никловски и додаде:
-Во Битола се врати и репрезентативниот ракомет. По речиси 15 години, битолчани можеа да ја гледаат македонската репрезентација во Битола. Општината, јавните претпријатија и неколку компании помагатели ја уредија Спортската сала Боро Чурлевски да биде домаќин на нашата најдобра ракометна селекција.
Го вративме европскиот клубски ракомет во Битола.
Го вративме репрезентативниот ракомет во Битола.
Ја градиме кугланата по сите светски стандарди за да биде уште една гордост на градот. Секако, има уште многу работа за да се задоволат спортските апетити на Битола и битолчани, но досега постигнатите резултати се гаранција дека градот веќе нема да биде страден за врвни спортски доживувања., изјави Петар Николовски.