Don't Miss
Home / Вести / Промоција на книгата „Народните херои и академици во Гимназијата Јосип Броз Тито“

Промоција на книгата „Народните херои и академици во Гимназијата Јосип Броз Тито“

Денеска во Битола, по повод 75-годишнината од почетокот на наставата на македонски јазик во средните училишта во Гимназијата „Јосип Броз Тито“, беше промовирана книгата на познатиот битолски адвокат и поранешен ученик на оваа гимназија, Никола Главинче.

Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола е една од ретките гимназии во државата во која настава посетувале голем број битолски академици, членови на МАНУ.

Инаку денеска во гимназијата беа дадени во употреба и три сосема ново опремени училници, донација на печатницата „Киро Дандаро“, Ротари клубот „Битола“ и Техничкиот институт од Германија, како и донациите на Општина Битола од над 400.000 денари опрема на училниците со мебел и за секоја училница е обезбеден по еден телевизор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*