Don't Miss
Home / Вести / Наградата за животно дело за Петар Георгиев Калица

Наградата за животно дело за Петар Георгиев Калица

               

                Утре Битола одбележува 76 години од ослободувањето.Во пресрет на утрешниот празник Управниот одбор на фондот за доделување на четврто ноемвриските признанија донесе одлука годинашната награда на Општината Битола, 4 Ноември за животно дело  да му ја додели на битолскиот композитор и текстописец, авторот  на антологиската  песна „Ако одам во Битола”   Петар Георгиев-Калица.

        Петар Георгиев-Калица  се прослави со песната “Ако одам во Битола “за која ја напиша музиката и текстот, а  прв пат ја изведе Октетот Македонија.

Покрај анталогиската песна “ Ако одам во Битола Петар Георгиев Калица има напишано и голем број други песни за разни музички фестивали.

Во 1989 година, Калица  постигна голем успех на најпознатиот македонски поп-фестивал МакФест, каде учествуваше како композитор и текстописец на македонскиот хит „Летај ми, летај, гулабе” во изведба на Крунослва Кичо Слабинац.

Во  1991 година, тој ја напиша својата најпозната песна „Стариот џумбушлија” која ја изведе познатата српска фолк-пејацка Ана Бекута на фестивалот Валандово.

Истата година, тој зеде учество на МакФест како композитор на песната „Розите пак се тажни” во изведба на словенската пејачка Симона Вајс.

 Петар Георгиев Калица  се карактеризира по тоа што  во неговото музичко творештво преовладуваат текстовите на традиционалните староградски песни, каде основната инспирација му е Битола, неговиот роден град.

Управниот одбор за доделување на највисокото општинско признание, наградата 4 Ноември одлучи годинава,  да додели и 5 награди за едногодишни остварувања.

        Добитници на наградата за едногодишните остварувања се познатиот битолски неврохирург, доцент  Владимир Рендевски, Македонското научно друштво Битола, продуцентот и организатор на манифестацијата

“ Незаборав” и сатиричниот весник “Без навреда” Панде Димитровски, директорката на детската градинка “ Естреја Овадија Мара “, Лидија Твирст Митревска и ракометната судиска  двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*