На факултеот за информатичко општество во Битола денеска беа врачени највисоките општински признанија, нагрдата 4 Ноември.
Годинашната награда на Општината Битола, 4 Ноември за животно дело му припадна на битолскиот композитор и текстописец, авторот на антологиската песна „Ако одам во Битола” Петар Георгиев-Калица.
Покрај големата плакета, на добитникот на признанието му беше доделена и парична награда во износ од 60.000 денари.
Петар Георгиев-Калица, ианку адвокат во пензија, се прослави со песната “Ако одам во Битола “за која ја напиша музиката и текстот, а прв пат ја изведе Октетот Македонија.
Покрај анталогиската песна “ Ако одам во Битола Петар Георгиев Калица има напишано и голем број други песни за разни музички фестивали.
Управниот одбор за доделување на највисокото општинско признание, наградата 4 Ноември одлучи годинава, да додели и 5 награди за едногодишни остварувања.
Добитници на наградата за едногодишните остварувања се познатиот битолски неврохирург, доцент Владимир Рендевски, Македонското научно друштво Битола, продуцентот и организатор на манифестацијата
“ Незаборав” и сатиричниот весник “Без навреда” Панде Димитровски, директорката на детската градинка “ Естреја Овадија Мара “, Лидија Твирст Митревска и ракометната судиска двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.