По неколку години пауза , конечно наскоро ќе проработи фонтаната пред Управаната зграда на ГП “ Пелистер“.
Деновиве работници на ЈП “Комуналец “ работаат на реконструкција и хортикултурно уредување на фонатаната.
Фонатаната велат ќе добие сосема нов лик и таа во голема мера ќе го разубави тој дел на градот.
Инаку фонтаната пред Управната зграда на ГП “ Пелистер “ со години не работеше и преставуваше грда слика з атој дел на градот.
Сега, кога истата ќе се реконструира и хортикултурно(пре)уреди од страна на стручните екипи на ЈП “ Комуналец “ Битола ќе добие уште едно убаво катче за одмор и разонода.