Don't Miss
Home / Вести / Почина екс директорот на Битолски весник и писател Панде Манојлов

Почина екс директорот на Битолски весник и писател Панде Манојлов

       

Денеска по кусо боледување на 72 годишна возраст почина екс директорот на Битолски весник и писател Панде Манојлов.

        Панде Манојлов беше во два мандати директор, главен и одговорен уредник на Битолски весник. Функцијата прв човек на Битолски весник  ја извршуваше во периодот од 1982 до 1990 година.

Покрај со новинарство Панде Манојлов се занимавше со пишување поезија.

        Панде Манојлов е автор на десетици книги поезија и проза  беше член на Друштвото на писателите на Македонија. Негови поединечни песни се објавувани на повеќе јазици. Посебно беше познат по песните за Палестина, инспириран од крвавите случувања таму минатиот век .

Панде Манојлов е роден на 2 мај 1948 година во с. Породин, Битолско. Завршил Правен факултет во Скопје.  Член на ДПМ  беше 1989 година.

Добитник беше на бројни награди за неговото творештво. Повеќето од нив беа посветени на Битола. Твореше до последните денови од неговиот живот. 

Добитник е на наградите: „4 Ноември“ на градот Битола

„Ванчо Николески“ – Битола,„Струшко слово“ од Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“.Признание од државта Палестина

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*