Don't Miss
Home / Вести / Паркингот кај “ Тинекс “ руиниран

Паркингот кај “ Тинекс “ руиниран

Паркингот кај супер маркетот “ Тинекс “ над Клиничката болница е наполно руиниран. Но иако за овој проблем е повеќе пати пишувано по се изгледа никој од локалната самоуправа не е заинтересиран истиот да се поправи.

Додека Општината Битола реди бехатон плочки во разни чикмаци во градот, од паркингот кај “ Тинекс “ секојдневно се  корнат и крадат плочките, така што  тој е буквално целосно руиниран.

Сега паркиногот кај “ Тинекс “ е (нај)грда слика за  градот.

Поради тоа сопствениците на возилата  не можат таму да паркраат па паркираат во дворот на супер маркетот.

Ова грда слика деновиве покрај битолчани ја забележуваат и големот број гости од другите градови кои доаѓаат во Битола да  ги посетат своите најблиски кои се сместени на лекување  во Инфективното одделение на Клиничката болница.

И покрај тоа што во неколку наврати за овој проблем е информиран одделението за комунални дејности од  Општината сепак засега никој  не се интересира за решавање на овој проблем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*