Don't Miss
Home / Вести / Се крчка полициски час

Се крчка полициски час

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски за утре, точно на пладне, закажа седница на наационалниот Совет за безбедност, на која, како што е соопштено, покрај редовните членови на Советот, е поканет и министерот за здравство, Венко Филипче. Синоќа премиерот Зоран Заев најави дека е можно да се разговара за воведување на полициски час кој би започнувал во 17 или во 18 часот, како мерка за намалување на ширењето на коронавирусот

„На десеттата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции”, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот на Македонија Стево Пендаровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*