Don't Miss
Home / Вести / Нов асфалт за улиците во Новаци

Нов асфалт за улиците во Новаци

        

Во Новаци во завршна фаза се  градежните активности за асфалтирање на локалните улици.

Со асфалтирање опфатена е улица  во должина од 505 м  со  два краци и ширна од  4 метри а  за нејзината реконструкција од буџетот на општина Новаци се издвоени 3.052.314 денари.

Согласно проектот комплетната реконструкција опфаќа одводнување, бетонска каналета и сливници поврзани со бетонскиот канал за атмосферска канализација и асфалтирање на коловозот.

-Ова е уште еден од низата значајни инфраструктурни проекти кои оваа година се реализираат во општина Новаци.Оваа улица години наназад беше во многу лоша состојба состојба со попречни и подолжи пукнатини, дупки и оштетувања и претставуваше навистина голем проблем за жителите од оваа улица.И покрај сите здравствени и економски последици предизвикани од  Ковид-19, продолжуваме со капиталните инвестиции и на тој начин придонесуваме движење на економијата во услови на криза.Дадениот збор пред граѓаните е веќе реалност.Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните.Продолжуваме да градиме по план и да обезбедуваме квалитетна инфраструктура  за нормално одвивање на сообраќајот и подобрување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.”-истакнува  градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*