Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Еран Куртиш, оствари работна средба со градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска.
На средбата се разговараше за начинот на помош која Општина Битола секоја година, преку конкурси и барања, им ја дава на здруженијата и невладините организации, кои застапуваат одредена заедница.
Градоначалничката Петровска посочи дека Битола од секогаш е пример за функционирањето на мултикултурализмот и заедништвото.
Директорот на агенцијата Еран Куртиш и заменик директорот Џелал Хоџиќ, се заблагодарија за помошта и одличната соработка која што ја имаат со Општина Битола и со градоначалничката Наташа Петровска.