Доцна попладенво и официјално завршија активностите за остранување на неексплодираните бомби кај стадинотот “ Тумбе Кафе “ во Битола.
-Офицјално ја прогласувам акцијата за завршена. Останува само уште утре да се пребара низ ископаната земја да не има некоја заостаната бомба. Извадени се вкупно 11.560 гранати. Во текот на утрешниот ден со детектор ќе се проверува ископаната земја, но не очекуваме да најдеме уште бомби. Маскисмум што очекуваме е да најдеме уште триесетина гранати.
Иако се проценуваше дека можно е да има над 15.000 неексплодирани бомби, сепак денешната акција покажа дека последните количини беа извадени под патот, па веќе нема потреба од нови ископи и рушење на делницата, изјави Димче Јошевски од Дирекцијата за заштита и спасување.
Според Јошевски во Македонија, па и на Балканот на едно место да бидат пронајдени толку бомби.
Сега останува во текот на овој месец во неколку наврати на Криволак да бидат уништени неексплодираните гранати.
Дотогаш гранатите ќе бидат чувани на безбедно место со 24 часовно физичко обезбедување.